Живееме во време во кое технологијата се’ повеќе напредува и го менува секој дел од нашиот живот. Од мноштво информации на Интернет, до гледање видеа и играње игри, почнува полека да се губи социјализацијата меѓу учениците, а се’ повеќе времето да се поминува пред монитор.
Истражувањето насловено “Perception of benefits and costs of computer games among high school students in Macedonia” (Предности и слабости на компјутерските игри кај средношколците во Македонија) направено од страна на Марина Додевска и Никола Јанев, студенти на ФИНКИ говори за влијанието од играње компјутерски игри кај средношколците во Македонија.
Истражувањето е направено врз 188 испитаници од повеќе средни училишта, на возраст од 15 до 18 години. Од спроведената анкета, повеќето испитаници се од прва/втора година средно и играат игри во слободно време повеќе од еден час дневно.
79,9% од испитаниците не доживеале никакви нарушувања, што е добро. Но, 20,1% доживеале некои нарушувања како болка во грбот, кифоза, итн.
Може да се забележи дека 42,9% секогаш комуницираат со нивните соиграчи во текот на играта, а 36,3% понекогаш комуницираат со своите соиграчи. Можеби ова значи дека не сакаат да зборуваат премногу, или никој не им зборува нив. Додека 20,9% одговориле дека никогаш не комуницираат во игра, што укажува дека можеби се срамежливи или не го знаат јазикот што го слушаат.
Благодарение на компјутерските игри се создале пријателства и можеле да научат нешто ново додека играат, како на пример нов јазик или повеќе информации за соиграчот.
На прашањето дали гледаат е-спорт или традиционални спортови, 43,5% гледаат е-спорт што претставува нов начин на забава за помладите и за постарата генерација.
Од ова истражување може да се види дека за средношколците, играњето компјутерски игри не е трошење на времето, т.е. со нив можат да најдат нов начин за комуниција со другите во време на Пандемија како ковид-19. Исто така додека играат игри, тие не излегуваат надвор и не се впуштаат со луѓе во поголеми групи.
Со помош на играњето игри имаат нов начин за дружење, можат да научат различни вештини од нив и да ја зголемат својата интелигенција.
Повеќе за истражувањето може да прочитате на следниот линк:
https://www.researchgate.net/publication/374751299_Perception_of_benefits_and_costs_of_computer_games_among_high_school_students_in_Macedonia
Марина Додевска, Практикант во Women4Cyber North Macedonia