Skip to main content

Во денешно време благодарение на технологијата и социјалните мрежи може да се поврземе секаде без разлика каде се наоѓаме, без да мораме да пишуваме и праќаме писма како порано.
Денес секој носи мобилен телефон во рака и има профил на некоја социјална мрежа, па дури и малите деца.
Што се случува кога ќе се претера со нивното користење и наместо за поврзување започне да се користи со цел да повреди некого?

Во дигиталниот свет, постои поим наречен сајбер булинг, односно насилство преку дигитални технологии кое има за цел да повреди/засрами некого.

Истражувањето насловено “Cyberbullying: Characteristics, Consequences, and Impact on Youth in North Macedonia” (Сајбер булинг особини, последици и влијание на младите во Северна Македонија) направено од страна на Марина Додевска и Никола Јанев, студенти на ФИНКИ говори токму за сајбер булингот и неговото влијание врз младите во Македонија.

Нивната анкета меѓу младите на возраст од 10 до 25 години покажува дека младите се запознаени со поимот сајбер булинг, дека од социјални мрежи најмногу користат Инстаграм и дека своите објави на социјалните мрежи ги споделуваат со своите пријатели.

             

 

      Исто така анкетата покажува и дека најголем процент од испитаниците не доживеале сајбер булинг, но кога добиле заканувачка порака онлајн, биле нервозни и тажни и не го споделиле својот проблем со некој повозрасен.

 

  На социјалните мрежи може се’ и сешто да се прочита, дури и грди зборови со што се сложуваат младите и им било потребно помалку од една година да закрепнат после доживеан сајбер булинг. Според нив, социјалните мрежи не се справуваат успешно со сајбер булнгот и повеќе пати морале да пријават недоличен коментар/слика која ја загрозува нивната приватност.

Неколку препораки за успешно справување со сајбер булингот:
– да се побара помош од повозрасна личност како психолог, родител, просветен работник;
– пријавување на профилите кои имаат за цел да наштетат;
– да се внимава со кого се склучува пријателство на социјалните мрежи;
– постојана едукација;
– давање поддршка;

Доколку не се реши булингот може да дојде до:
– појава на анксиозност;
– депресија;
– проблеми со спиење (инсомнија);
– одбивност за социјализација;
– чувство на неприфатеност.

На крајот од денот, без разлика на се сите сме луѓе, наместо да се повредуваме и навредуваме, можеме да градиме мостови од пријателство и меѓусебно да си помагаме.Не прави го другиот тажен.

СТОП ЗА БУЛИНГОТ!

Повеќе за истражувањето може да прочитате на следниот линк:
https://www.researchgate.net/publication/376315283_Cyberbullying_Characteristics_Consequences_and_Impact_on_Youth_in_North_Macedonia

Марина Додевска, Практикант воWomen4Cyber North Macedonia