Во среда (14.05) ја реализиравме нашата работилница по дигитална форензика за млади девојки – авантура полна со мистерии, кодови и истражувања!

Учесничките се најдоа во улога на сајбер детективки – добиваа таинствени мејлови, откриваа скриени траги во метаподатоци, QR-кодови, морзов код и дури и скриени фајлови во слики!

Нивната мисија? Да откриваат информации кои ќе им овозможат да ја продолжат мисијата на новинарката Ана во борбата против криминалот, откако таа е фатена и не може да продолжи.

Од анализа на фотографии на фиктивен Instagram профил, до логички задачи и работа со вистински алатки – секој предизвик беше внимателно осмислен за да поттикне критичко размислување и да ја приближи сајбер безбедноста и дигиталната форензика до младата публика.

Нашата цел беше да ги инспирираме младите девојки да ѕирнат „зад екраните“ и да откријат колку е возбудливо и значајно ова поле!

Голема благодарност до сите учеснички за енергијата, тимската работа и остриот ум!

Со нетрпение го очекуваме следниот предизвик!

“Ѕирнете„ во атмосферата: https://youtu.be/X10nv7BG9Ds?si=-9jBgn_388E15nZy