Жените се се’ поголеми консументи на технологијата, но нивното присуство во оваа бранша се уште е далеку под очекувањата. Денес, жените сочинуваат помеѓу 20 до 30% од ИТ секторот на светско ниво а предвидувањата велат дека во следните 5 до 10 години, бројката ќе се зголеми на 40 проценти. Дискрепанцата, традиционално присутна во НТИМ областите (наука, технологија, инженерство и информатика) годиниве најмногу доаѓа до израз во информатичко комуникациската технологија.
Кои се покажале како клучни фактори?
Причина за недостатокот на работна сила кој се јавува во овој дијапазон на ИТ професии е секако и значително помалото присуство на жените, иако статистички гледано се делот од популацијата кој поседува повеќе универзитетски дипломи. За да елаборираме зошто е тоа така, го анализираме истражувањето наменето за Западен Балкан, Грузија и Молдавија спроведено од страна на USAID, Агенцијата на САД за меѓународен развој за поддршка на високо образовните институции во Србија. Пет фактори се покажале како клучни:
- Перцепцијата дека ова е исклучително техничка работа во старт ги одвраќа луѓето образовани на нетехнички факултети да се занимаваат со кариера во оваа област. На жените се’ уште се гледа како првенствено вработени во услужните, социјалните и образовните дејности како и примарни негуватели во поглед на семејството како основна клетка на општеството. Дополнителна причина е јазот при исплатата. Овој проблем не е локален, туку глобален.Иако сочинуваат половина од корисниците на технологијата, жените на глобално ниво се застапени со само 24 проценти од вкупно 4,7 милиони работни места, покажа глобалното истражување спроведено од страна на Меѓународниот конзорциум за сертификација на безбедноста на информатичките системи. Дополнително, недостигаат уште најмалку 3,5 милиони работни места во областа на сајбер безбедноста. Според студијата, родовиот јаз во професиите од информатичко комуникациската бранша покажува дека жените заработуваат за 9,1 процент помалку од мажите, што е помалку од 21 процент колку помалку заработуваат во секторите финансии и осигурување.
- немаат развиени практики за балансирање на учеството на двата пола, па затоа жените во сајбер се таму најчесто како збир на други фактори а не со „таргетирана и проактивна политика на работодавачите”.За жените, изборот на студирање и кариера во областа на сајбер безбедноста зависи од личната мотивација, решителност и интерес.Нагласено е дека момчињата добиваат мотивација и поддршка за избор на работа во сајбер безбедноста и на училиште и во семејството, додека кај девојчињата семејството е доминантно. Исто така, во случајот на повеќето агенции чија примарна цел е регрутирање на стручни кадри, забележливо е дека работата и интересот на младите момчиња се следи многу повеќе.Тие веќе се „регрутирани“ во втора или трета година на факултет, кога компаниите им приоѓаат нудејќи им стипендии и работа.
- Недостатокот од стручно образование како профил во оваа област се’ уште е високо на листата на причини. На нашите простори, иако пополека се менува ставот, се’ уште од младите се очекува да запишат и завршат класично високо образование, а сајбер безбедноста како целосна наставна програма е во зародиш.
- Работата во сајбер светот не е од “осум до четири’’ и во тој поглед е слична на медицинската професија или безбедносните органи, бидејќи кога ќе се појави проблем се работи и по 12 часа и повеќе. Ова претставува предизвик за секого, но посебен предизвик е за жените со семејство посебно за младите мајки бидејќи и врз истражувања кои ги има многу на темава, жените се најмногу вклучени во семејните и домашните обврски и од истите најмногу се очекува.
- За да се намали јазот во учеството на работните места од овој домен, но и генерално во сите професии каде што воочуваме вакви предизвици, неопходно е да се започне од најмали нозе не само во семејството, туку и во пошироката општествена заедница. Покрај семејството како иницијално влијание, влијанието се префрла како поминуваат годините на училиштето, спортските, музичките и сите други колективи од кои детето е дел. На настаните како родендени, празници и прослави на нас е да покажеме дека нема поделба на кукли и коли, туку дека сите играчки и развојни помагала се подеднакво достапни и на девојчињата и момчињата
Кога станува збор за стимулирање на најмладите да ги развиваат своите таленти, претседателката на српското поглавје на Women4Cyber г-ѓа Сања Кекиќ запрашана за горенаведената студија посочува дека дечињата треба да имаат на достапност од самиот старт игри кои поттикнуваат истражување, размислување и анализирање, бидејќи сето ова е почеток на градење на критичкото размислување. Потребно е да се развива испитувачкиот дух во детето од сам старт и тој лесно ќе се пренесе на други полиња. Исклучително важно е не само да го следат пробиениот пат, туку да ги научиме да го најдат патот наоколу, да размислуваат логично и критички.
Понатаму, таа додава дека жените се поголеми консументи на технологијата кои користат бројни апликации, затоа од исклучителна важност е истите да бидат безбедни и да се развие свест за нив. Истражувањето покажало дека една третина од жените се чувствува дискриминирано на работното место – жените сочинуваат 30 проценти од работната сила во сајбер полето, во категоријата млади вработени под 30 години, додека во старосната група од 60 години и над, само 14 проценти.
Од друга страна, се’ повеќе жени се на раководни позиции, покажува глобалното истражување спроведено од Конзорциумот за сертификати за безбедност на меѓународните информациски системи (ISC2). Но, помеѓу највисоките раководни позиции над 50 години, само 10 проценти се жени. Жените најчесто успеваат да дојдат до титула магистер на науки побрзо од мажите (49 проценти од жените и 42 проценти од мажите во сајбер браншата имаат магистерска титула).
Како најзначајни бариери за жените во технолошкиот свет остануваат недостатокот на лидери примери, отсуството на соодветно менторство, несвесно усвоените социјални норми и очекувања, нееднаквоста при унапредувањето и развојот во однос на мажите како и јазот во финалната финансиска пресметка.
Автор: м-р Тамара Лазаревска Силјаноска, поручник, членка на Women4Cyber North Macedonia