Women4Cyber North Macedonia – Жените за сајбер Скопје, во партнерство со Атлантскиот Совет на Хрватска – Atlantic Council of Croatia, со грант и поддршка на #NATO PDD, го реализираше проектот „Справување со родовите дезинформации – изградба на отпорно општество и промовирање вредности“ (“Countering gendered disinformation – Building the resilience of societies and promotion of Euro-Atlantic values”).
Во рамки на проектот, беа одржани две онлине конференции посветени на следните теми: „Значењето на Евроатлантските вредности во изградбата на отпорни општества, значајни за зачувување на регионалниот мир и безбедност и „Значењето на родовата разновидност и еднаквост во безбедносната рамка на земјите од Западен Балкан – влијанието на родовите дезинформации“.
Преку промотивни видеа беа пренесени јасни и јаки пораки за огромното значење што борбата против родовите дезинформации ја има во градењето на сајбер отпорни општества.
Беше изготвен и промовиран Прирачник посветен на улогата на НАТО за нашиот регион, заедно со резултатите од истражување и визијата за НАТО 2030.