Skip to main content

На 28-29 октомври 2024 год. Претседателката на Women4Cyber North Macedonia, Љубица Крстевска (Пендароска) учествуваше на регионална Работилница посветена на Значајно учество на жените во вкупната работна сила во сајбер безбедноста.Со цел да се обезбеди такво место на жените, Љубица ја потенцираше потребата од квалитативни показатели, засновани на детална анализа на пазарот на трудот во земјата и регионот на Западен Балкан. Анализата треба да покаже кои вештини се неопходни да се развијат кај жените, со цел да бидат конкурентни за високи и одлучувачки позиции во сферата на сајбер безбедноста.

На работилницата беше уште еднаш потврдена и повторена потребата од континуирани кампањи за подигнување на јавната свест и сајбер хигиената не само кај младите, туку и кај вкупната возрасна популација.
Настанот, во организација на Geneva Center for Security Sector Governance (DCAF) и во соработка со Women4Cyber Montenegro, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора, беше првиот во низата планирани настани.

Извор на фотографии: Geneva Center for Security Sector Governance (DCAF)